Адмиралот на НАТО, Роб Бауер ќе биде во официјална посета на Босна и Херцеговина од денеска до 20 јули. Меѓу другото, планиран е и состанок со претставници на Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.

Како воен советник на генералниот секретар и Северноатлантскиот совет, адмиралот Бауер е највисок воен офицер на НАТО.

Претходно, тој ја посети Хрватска и нагласи оти за нив, многу е важна стабилноста на регионот на Западен Балкан и наоѓањето мирни решенија за несогласувањата што постојат, објави Аваз.