Шпанската полициија уапси жител на Мајорка под обвинение дека заразил 22 лица со Ковид-19. Тој криел дека е инфициран и продолжил да оди на работа и во теретана.
Полицијата почна истрага кон крајот на јануари по зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирусот во градот Манакор и информациите дека еден заразен работник ја крие својата болест.
Според неговите колеги тој и покрај што имал треска одел на работа и намерно ја вадел маската додека кашлал, а и изјавил дека сака да ги зарази сите околу него.
Упасениот заразил петмина колеги, кои потоа инфицирале членови на нивните семејства, вклучително и три бебиња.
Мажот заразил и некои луѓе во теретана, кои подоцна го пренеле вирусот на нивните најблиски.