Индоензиските спасувачи при скенирање на морското дно ја пронајдоа исчезнатата подморница „КНИ Нангала-402“, што во средата исчезна во водите крај островот Бали, јавија британските медиуми, повикувајќи се на командантот на индонезиската флота.

Според него, во моментов се подготвува акција за евакуација на можните преживеани членови на екипажот.

Претходно ДПА јави дека се пронајдени предмети од исчезната подморница.

-Пронајдените предмети се шише лубрикант и уред што го штити торпедото, изјави воздухопловниот маршал, Хади Тјаџанто.

„Се верува дека предметите пронајдени во близина на последната локација на подморницата се делови од неа“, додаде тој.

Претходно, Би-Би-Си соопшти дека се стравува дека подморницата, со 53 члена на екипажот, може да биде изгубена засекогаш бидејќи, според , армискиот портпарол, во подморницата имало  кислород само до денеска, до 3 часот по локално време.

Подморницата „КНИ Нангала-402“ исчезна во средата, за време на воена вежба во близина на брегот на Бали, а индонезиските власти почнаа потрага во која оттогаш се вклучени најмалку шест воени бродови, хеликоптер и 400 лица.