Наместо Бајден, на мировниот самит за Украина во Женева, ќе дојде Камала Харис

/ 03.06.2024

Американската потпретседателка Камала Харис ќе учествува на украинскиот мировен самит во Швајцарија на 15 и 16 јуни, соопшти Белата куќа.

Присуството на Камала Харис треба да ја нагласи посветеноста на американската администрација на украинските напори за обезбедување праведен и траен мир, заснован на суверенитет, територијален интегритет и принципите на Повелбата на ОН, објави Белата куќа.

„Потпретседателката ќе ја потврди својата поддршка за народот на Украина во текот на нивната борба против руската агресија“, се наведува во соопштението за печатот.

На Самитот, на Камала Харис ќе ѝ се придружи и советникот за национална безбедност Џејк Саливан. Претседателот Џо Бајден нема да биде на самитот во Швајцарија.


Од истата категорија