На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“.

-Полицијата постапила по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга дека вчера во неколку наврати Ј.С. ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа да почнат повторно да живеат заедно, информираат од СВР Тетово.

Ј.С. е задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.