Штипјанката Драгица Панова повеќе месеци не може да докаже дека е жива, затоа што од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ја водат како почината и и ја укинале пензијата.

Како што објави ТВ Стар, два месеца, Панова пред Фондот за ПИОМ докажува дека е жива. Нејзините маки започнале на почетокот од годинава, кога починал нејзиниот сопруг.

Тие пред кои сега Панова докажува дека е жива на власт дојдоа со популистичката парола „Живот за сите“.

Поопширно за оваа тажна и бизарна приказна погледнете го видеото на ТВ Стар.