Четири лица се повредени и итно пренесени во болница, по напад со нож кој се случиј во германскиот град Оберхаузен. Како што наведуваат германските медиуми, осомничениот е уапсен.
Германскиот портал „WAZ“ наведува дека повредените се во критична состојба и дека се на интензивна нега. Повреден е и самиот напаѓач и е хоспитализиран.
Портпаролот на полицијата Криштоф Викхорст не изнел информации за мотивите на нападот, но потврдил дека повредените во нападот имаат рани од нож. Истрагата е во тек, и се очекува мотивите за нападот да бидат дополнително објавени.