Едно лице е уапсено во шведскиот град Вестерас откако во еден трговски центар нападна две лица со остар предмет.
Жртвите се хоспитализирани, а едниот од нив има тешки телесни повреди.
Во полицискиот извештај се наведува дека нападот е квалификуван како обид за убиство.
Шведската полиција не објави повеќе детали за инцидентот во Вестерас, што е лоциран 90 километри западно од Стокхолм.