Три лица се повредени во напад со нож во германскиот град Равенсбург, јави Хрватската телевизија.

Германските медиуми јавуваат дека едно од лицата е во критична состојба.

Напаѓачот е уапсен. Полицијата соопшти дека нема опасност за граѓаните, а детали за нападот ќе бидат соопштени по истрагата која се уште трае.