Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло, соопшти денеска полицијата.

Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот.

-Сите индиции укажуваат на осамен сторител, изјави полицискиот портпарол Торе Барстад. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош.

Локалните медиуми јавија за најмалку три места на злосторство. Нема информации за потенцијалниот мотив, но инцидентот првично не беше класифициран како терористички. Полицијата не даде информации за возраста или идентитетот на уапсениот.

Нападот се случил во ноќниот клуб Лондон паб, популарен геј клуб во Осло, објави весникот Афтенпостен.

Цивили и помогнале на полицијата да го уапси осомничениот, пишува весникот.

Норвешка полиција: Престрелките во Осло ги третираме како „терористички напад“

Норвешката полиција денеска соопшти дека смртоносните престрелки во кои загинаа две лица во близина на барови во центарот на Осло во текот на ноќта ги третира како „терористички напад“.

„Полицијата ги истражува настаните како терористички чин“, се вели во соопштението на полицијата.

Еден осомничен беше уапсен по пукотниците што се случија околу 01:00 часот по локално време на три локации, вклучително и популарен геј бар во центарот на Осло. Најмалку 19 лица беа повредени во инцидентот.