Каснувањата од кучиња стана секојдневна вест од полицискиот билтен што го објавува МВР.
Вчера во 12 часот во полициската станица Гази Баба, В.М. (60) од скопското село Дељадровци пријавил дека на ул.„Ташко Караџа“ во Скопје бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
Во полициската станица Кисела Вода вчера во 23:15 часот, А.М.(40) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
Вчера во 20 часот во полициската станица Тетово, А.М.(24) од Тетово пријавил дека на ул.„Борис Кидрич“ бил каснат од куче скитник на левата рака.