Во денешниот билтен на МВР се регистрирани четири напади од улични кучиња врз граѓани во Скопје, меѓу кои и две деца.
На 27.08.2020 во 21,00 часот во Полициската станица Аеродром А.Н.(69) од Скопје, пријавил дека на бул.“АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.
На 27.08.2020 во 22,10 часот во Полициската станица Чаир Н.С.(32) од Скопје, пријавил дека на ул.“Бутелска“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 27.08.2020 во 22,00 часот во Полициската станица Кисела Вода Е.Д.(38) од Скопје пријавил дека на бул.“Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник.
На 27.08.2020 во 15,30 часот во Полциската станица Аеродром Г.Ф.(54) од Скопје пријавила дека на бул.“Јане Сандански“ нејзиниот 17 годишен син бил каснат од куче скитник.