Во денешниот полициски билтен се регистрирани уште два напада од улични кучиња врз граѓани во Скопје.
Во Полициската станица Бит Пазар на 26.06.2020 во 14.55 часот Н.Б (51) од Скопје пријавил дека на ул.„Бајрам Шабани“ неговиот петгодишен син бил каснат од куче скитник.
На 26.06.2020 во 18.00 часот во Полициската станица, Р.Т.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Маџари“ била касната од куче скитник.
Нападите од улични кучиња кои ги има премногу на улиците не само во Скопје, туку и во другите градови станаа секојдневие на кое веќе не реагираат ни медиумите, но тие се полни со вести, како и социјалните мрежи, кога граѓанин ја зема „правдата во свои раце“ и ја „средува состојбата“ на нехуман начин.
Искасано дете од улични кучиња е уште една опомена до надлежните служби и граѓанските асоцијации кои се грижат за животните да преземат нешто и за поголема безбедност на граѓаните на улица, но и за кучињата да не бидат нехумано третирани.