Во Босна и Херцеговина во 70 отсто од случаите напаѓачи на новинари се политичари, носители на јавни функции и директори на јавни претпријатија, соопшти Здружението на БиХ новинари, од каде потсетуваат дека, од 2019 година до сега, телефонската линија за новинари, која функционира во рамките на ова здружение, евидентирала 340 напади врз новинари.
Од Здружението посочуваат дека за 137 отсто е зголемен бројот на случаи на говор на омраза, смртни закани и подбуцнувања врз новинари, како и дека политичкиот притисок врз медиумите и новинарите е зголемен за 40 отсто. Дополнително, тие предупредија дека само 25,4 отсто од случаите се решени во корист на новинарите. Марко Дивковиќ, претседател на Здружението БХ. новинари, посочува дека оваа статистика е поткрепена со тоа што политичарите стојат зад 90 отсто од тужбите поднесени против новинари.
Дивковиќ нагласи дека пред две години во анализа посочил дека положбата на новинарите во Босна и Херцеговина се влошува и тоа во три клучни аспекти – економски, правен и безбедносен.
Новинарите во БиХ пред неколку години поднесоа иницијатива нападот врз новинар да биде посебно кривично дело.