Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, 38-годишниот Н.И. од село Грчец, скопско, пријавил дека истиот ден околу 16:00 часот во автобус на ЈСП бр.50 на улица „Благоја Стефковски“ физички бил нападнат од лицето И.Р..

Според пријавеното, додека Н..И. извршувал работни задачи во автобусот – контролирал билети на патниците, бил физички нападнат од И.Р.. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.