Како што објави австриското МВР, околу 20 часот започнал терористичкиот напад во Виена со пукотници на шест места истовремено.
Во судирот со полицијата еден напаѓач бил убиен, а еден полицаец повреден. Во нападот учествувале до 10 напаѓачи од кои повеќето се во бегство.
Ранети се 15 цивили, од кои за седум беше јавено дека се потешко повредени. Подоцна беше обајвено дека седум лица се загинати.
Нема попрецизни податоци за жртвите, ниту дали напаѓачот за кој е јавено дека е убиен е истиот за кој одредени медиуми известија дека всушност се разнел со експлозив.
Австриските медиуми објавуваат снимки од неколку сигурносни камери кои покажуваат еден или повеќе напаѓачи во бели комбенизони наоружани со автоматско оружје.
На социјалните мрежи се појавиле неколку пораки со кои се повикува на „света војна против Западот“.
Австрискиот канцелар Курц се наоѓа на состанок во австриското МВР.
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер во изјава за јавниот сервис ОРФ, рече дека нападот во центарот на Виена се уште трае, дека полицијата претпоставува дека има повеќе напаѓачи и ги повика граѓаните да останат во своите домови.
Портпаролот на Здружението на болници во Виена, Кристоф Миро за агенцијата АПА изјави дека тројца повредени, по нападот во центарот на градот, биле пренесени на клиниките управувани од оваа институција.
Миро не потврди дали станува збор за повреди од огнено оружје или експлозија, бидејќи некои медиуми пренесуваат дека „еден од напаѓачите се кренал во воздух“.
„Кронен цајтунг“ објави дека биле истрелани неколку истрели во близина на плоштадот „Шведенплац“.
Внатрешната безбедност на еврејската верска заедница во Австрија апелираше до сите еврејски граѓани да не ги напуштаат своите домови.