Отвореното Британско првенство во параглајдинг заврши трагично за двајца натпреварувачи, објави денес холандскиот јавен сервис НОС. Претходно Денешен го следеше овој трагичен настан
Во информацијата е користена фотографија и видео од летот на британскиот натпреварувач Хари Блоксман. Тој на Инстаграм објави дека еден Британец и еден Украинец загинаа на натпреварот кој минатата недела се одржа во Крушево. Блоксман наведува дека двајцата се судриле во воздух и тоа два пати. И покрај тоа што силно се судриле во воздух, 56-годишниот Украинец успеал да го отвори резервниот падобран. Тој паднал врз дрвја и веќе бил мртов кога дошле спасувачите само неколку минути по несреќата. Британецот (54) со својот падобран се приземјил на еден локален пат и се уште давал знаци на живот. Починал во болница од внатрешни повреди.
Блоксман додава дека истражните органи во Македонија ќе ги прегледуваат видео снимките од камерите поставени на двајцата загинати нарпреварувачи за да се утврдат причинте за несречата.
На крајот Блоксман итакнува дека Крушево е познато како едно од најдобрите места во светот за параглајдинг. Спортистите кокаат од врв со падобранот зад нив, а потоа се вивнуваат во воздух, опишува Блоксман.