Втор ден, втор наплив на лажни вести од Бихаќка. По самопризнаениот шмркач на кокаин, оваа ја оддржа партискиот прелетувач и вратен амбасадор, подизведувач на партиските трчи-лажи наративи, пишува во својата анализа Курир.
И повторно, безидејната СДС се користи со манипулација и вадење од контекст, стара удбашка навика кај наследниците на службите од бивша Југославија. Наративот ист, вокабуларот уште поколерички, теориите на заговор дефинитивно од кујната на Фрчкоски. Само што пресот го „читаше“, Жерновски, наследник на бугарски кмет.
„Одлуката на САД да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е техничка пауза, како што вели министерот Муцунски, туку политички сигнал, предупредување.“ срочи „новиот“ член на ИО на СДС, новичок ко ланскиот снег.
И тој како Јон, заборави да каже дека стопирањето на обработка на визи од САД се работи за ИМИГРАНТИТЕ од Македонија, кои сакаат да се преселат во државата.

Заборави, изуми пустиот Жерновски дека суспензијата, која ќе се применува од 21 јануари, нема да се однесува на оние што бараат привремени туристички или деловни визи, кои се огромно мнозинство.
Заборави да каже и дека сме меѓу дури 75 земји, меѓу кои и Црна Гора (на чекор од ЕУ), Албанија (најдобриот кандидат според Брисел), БиХ, Косово од соседството итн.
Заборави да каже дека за одлуката на САД се виновни македонските иселеници кои статистички се меѓу 75-те претставници на држави кои најмногу барале и трошеле пари од државата во која се преселиле по доаѓањето и дека за нивното неснаоѓање и црпење/празнење на пари до вашингтонската каса НЕ Е ВИНОВНА МАКЕДОНИЈА И ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ.
Заборави да бекне дека во нивното владеење (2017-2024) или подобро кажано – арамилак со и во државата, се иселија најмногу македонски граѓани, вклучително и во САД.
Заборави да каже дека Србија, Хрватска, Унгарија и други не се виновни што нивните иселеници (кои ги има многу) не ја цицаат „ко да не виделе“ американската државна каса, па не се во наше друштво…
Заборави и да каже колку членови на СДС и ДУИ се најдоа на вистинската ЦРНА ЛИСТА на САД минатите неколку години.
Заборави да каже и дека при објавата на True social мрежата, каде ги наведе најголемите „потрошувачи“ на САД со земјите од каде доаѓаат иселениците, лично Трамп не’ нарече/пиша МАКЕДОНИЈА, без несреќната придавка со која Жерновски со владата на Муртинхазуен и Ахмети не закити во 2019-та…
Заборави да спомне дека истиот тој Вучиќ во време на Заев, Филипче и Таче (додека тој уживкаше како амбасадор) ги спасуваше со антикорона вакцини, а потоа и со пченица.
Заборави многу работи, на кои народот, за кој толку многу се заинтересираа пред симултаното „свирење клавир“ на врхушката на СДС со вадење на предметите од фиоките на ОЈО, ќе ги потести на следните избори. Кога и да се. Со или без Пржинска влада…
Целата прес-конференцијата и наводите во неа наликуваат на прекумерна употреба на иљачот на првата пушка Јон, ќе ги илустрираме најдобро не со српски свет, туку со еден српски филм (да им направиме ќеф на СДС дека се во право). Кажете, ако грешиме.
Извор: Курир




