Фудбалскиот клуб Наполи постигна договор со Фенербахче за трансферот на македонскиот фудбалер Елиф Елмас.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, деталите за трансфер се прецизирани, а играчот ќе се појави во Неапол за медицински прегледи.

Наполи ќе одвои околу 15 милиони евра за услугите на 19-годишниот Македонец, плус некои бонуси кои ќе му следат на турскиот клуб.

Елмас тргна во големиот фудбал од Работнички, а во 2017 година се пресели во турскиот гигант Фенербахче, каде што покажа одлични игри.

Тој игра во средината на теренот и се очекува да го замени Амада Дијавара во Наполи, кој беше продаден на Рома.

Ова ќе биде втор трансфер ова лето за клубот од Сицилија, откако веќе беше донесен Костантинос Манолас од Рома за 35 милиони евра.