Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали може да го смени клубот. Фудбалерот е близу до потпишување договор со Манчестер Сити. „Наполи“ бара 70 милиони евра за тоа, а англискиот клуб смета дека оваа цена е превисока.

Кулибали планира да побара од управата на Наполи да ја намали цената, објави „La Gazzetta dello Sport“.

Претходно стана познато дека Манчестер сити ја намали својата активност во преговорите за Кулибали, бидејќи чека како да се реши ситуацијата околу капитенот на Барселона, Лионел Меси.

Беше објавено дека Сити договорил со Кулибали петгодишен договор вреден 50 милиони евра.