Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње може да го напушти клубот во летниот трансфер прозорец. Според „АС“ главен кандидат за 27-годишниот Италијанец е Атлетико Мадрид.
Мадридскиот клуб ќе понуди 50-60 милиони евра за Инсиње. Неговиот договор со Наполи е со важност до 30 јуни 2022 година.
Интерес за Инсиње пројавуваат и Ливерпул и Арсенал.
Оваа сезона, Инсиње настапи на 34 натпревари за Наполи, постигна 13 гола и оствари шест асистенции