Претседател на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге потврди дека ќе го напушти клубот во 2021 година. Тој, исто така, истакна дека тимот сака да го назначи за негов наследник, поранешниот голман на баварскиот клуб, Оливер Кан.

-Мислам дека тоа ќе биде добар момент за запирање. На функцијата сум две децении, изјави Румениге.

Самиот Кан претходно изјави дека преговорите се одвиваат добро. Поранешниот голман помина 14 години како прв голман на Берн. Има осум титули шампион на Германија, шестпати го освои националниот куп и еднаш ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2000/2001.