Во рамки на 2. коло во Серија А, екипата на Наполи со Елиф Елмас во почетниот состав триумфираше вечерва со 2:1 (1:0) во „македонското дерби“ на гостувањето кај Џенова, за која Горан Пандев го одигра второто полувреме и постигна гол што беше поништен од ВАР собата.

Стрелци за Наполи беа Фабиан Руиз (39 минута) и Андреа Петања (84), додека кај Џенова прецизен беше Андреа Камбиасо (69).

Домаќините во чии редови Пандев влезе во игра во 46. минута претходно го израмнија резултатот преку поранешниот македонски репрезентативец во 54. минута, но голот на Пандев беше поништен поради прекршок.

Елмас во составот на Наполи одигра 92 минути пред да биде заменет во судиското продолжение.

Наполи по воведните две кола има максимални шест бодови, додека Џенова го претрпе и вториот пораз во новата сезона во Серија А