Состојките се лесно достапни, а вие ќе имате бронзен тен на кој сите ќе ви завидуваат.
Основата е маслиново масло во кое се додаваат уште две состојки односно потребно ви е
– 300 мл маслиново масло
– 2 моркови
– 6-7 млад оревчиња
Изреднајте ги морковите , исецкајте ги оревчињата и прелијте ја смесата со маслиново масло, во една поголема тегла.
Затворете ја теглата и оставете ја да стои 4 недели на сончева светлина, повремено промешувајте.
После 4 недели процедете ја смесата , а маслото ставете го во шишенце.
Имајте во предвид дека овој домашен препарат има низок фактор на заштита , одосно има заштитен фактор 2, па потребно е да нанесете крема со повисок заштитен фактор па да нанесете од маслото.
Со ова масло ќе потемнете брзо, а вашата кожа ќе биде нежна и нахранета.