Холандскиот кинематограф Роби Милер, познат по филмовите „Париз, Тексас“ и „Лето во градот“, почина на 78-годишна возраст по неколкугодишно боледување од деменција.

Милер се смета за еден од најголемите филмски уметници на втората половина на 20 век. По студиите на Холандската филмска академија, тој работел како асистент на камера на бројни филмови во Холандија и Германија. Го снимал првиот игран филм на Вендерс, „Лето во градот“, а потоа и на „Париз, Тексас“ за кој ја доби Златната палма во 1984.

Во 2016 тој беше добитник на Златната камера 300 на фестивалот „Браќа Манаки“.

Тој има соработувано со голем број денес познати режисери, како Питер Богданович, Вилијам Фридкин, како и со млади алтернативни автори каков што тогаш бил Џим Џармуш, на Down by law, Mystery Train, Dead Man и Ghost Dog: Way of the Samurai.

Меѓу филмовите на кои работел се и Dancer in the Dark на Трир и 24 Hour Party People на Мајкл Винтерботом.

„Загубивме маркантен, брилијантен и незаменлив човек. Многу го сакам. Ме научи многу нешта, и без него немаше да знам ништо за правењето филмови“, напиша режисерот Џим Џармуш на Твитер.