Незадоволниот работник од Турција, Хакан М., одлучи да не помине преку тоа што неговиот работодавец не му ја исплатил платата.

Тој влегол во багер и искршил пет камиони во сопственост на компанијата.

Сопственикот на компанијата му е вујко.

Видеото, како што се наведува, е направено во Турција пред неколку дена и првично беше објавено на Тикток.

Според турските медиуми, неговиот вујко Омер, кој е и сопственик на компанија која се занимава со вадење и транспорт на јаглен, не ги исплаќал платите на работниците, поради што Хакан го направил инцидентот.

Медиумите наведуваат дека Хакан би направил уште поголема штета доколку насобраните не го спречиле.

Откако видеото се појави на Твитер, Фејсбук и Инстаграм, корисниците почнаа да оставаат пораки за поддршка за Хакан.