Жителите на радовишкото село Ораовица, во екот на брусилиците на Владата на Зоран Заев, кои го уништуваат македонскиот симбол од јавните површини, нацртаа ново Сонце од Кутлеш на средсело.

Револтирани од одлуката на власта со брусилици да го отстранува сонцето од шахти и споменици тие пркосно изработија свое.

– Нека дојдат да го избрусат симболот што самоиницијативно и со свои пари го поставивме средсело, велат жителите на Ораовица.

Владата на Заев, како што е познато, со потпишувањето на Преспанскиот договор доби рок да го отстранува Сонцето од Кутлеш од јавна употреба и јавни површини, а на сите споменици од античкиот период да става плочки дека тие се грчки.