Српскиот тенисер освен со потезите на тениските нерени го одушеви светот и со својот хуман потег. Светскиот тениски ас во Србија отвора ресторан за бездомници.

Ѓоковиќ со овој негов потег покажа дека човечноста е побитна од секој успех и заработка на пари.

– Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека заслужуваат такво нешто, зашто секогаш ме поддржувале. Уште не знам која ќе биде точната локција, но ќе биде некаде во Србија, вели Ѓоковиќ.

Познато е дека на српскиот тенисер голема страст му е готвењето, па кога има слободно време вели дека го минува во кујната.

Тој и досега има два ресторана, првиот е „Новак“ во Белград во близина на Арена отворен пред десет години.

Во 2016 година Ѓоковиќ го отвори и веганскиот ресторан Eqvita во Монте Карло, каде што живее со семејството.