Пословици од село Робово, Малешевско
Во Робово, како и во цело Малешевско, има многу пословици и поговорки што се прераскажуваат во дадени прилики.
Како народно творештво доста од нив се запишани од одредени собирачи на народни творби, но има и такви кои не се запишани. Овде ќе дадеме неколку пословици и поговорки кои се слушале и се слушаат во Робово.
Ајде многу помина, малку остана.
Анаџисал си се кат куче на жега.
Ак’л ми не даве, пари ми дај.
Ако баба лаже, трап не лаже.
Ако го фана, маќа ќе му расплача.
Ако е директор не е Господ.
Ако е слаб на лице, нека е здрав на срце.
Ако зелки не донесох, баре земја видох.
Ако коза лаже, рог не лаже.
Ако имаш вуќа владика, ќе станеш поп.
Ако најдеш некаде поарно, викај ме и мене.
Ако напрајш манастир, тури му и врата.
Ако од секое дрво бидува сворче, од врбата ќе биде кавал.
Ако срце фурка не држи, појас ич нема да ја држи.
Ако те србат нозете на пат ќе одиш.
Ако ти ме гледаш сос едното, јас тебе сос двете.
Ако секоа мушица дава мед, бумбаро ќе даде највеќе.
Баата гледаш, биволо не гледаш.
Бега като ѓавол од темјан.
Без мера работа, брза умора.
Без питање само магаре одговара.
Биде свадба и помина.
Благословено е пиењето, проклето е пијанството.
Бог да чува од гнил мос и прдлив гос.
Бог да чува од пијани жени.
Бодливие вол боде и без рогове.
Боли го забо та криви.
Бричен Петко не целиван.
Варвара вари, Боксава брка, Никола крка.
В орма не се чита ферман.
Видела шута рогове, потерала и уши.
Виж се сам, не наоди мана на другите.
Високото дрво и чавките го серат.
В’к, в’к не јаде.
В’ко од броеното јаде.
Влезнал му е ѓаволо в кашчи.
Водата спие, душманино не спие.
Воденицата наред меле.
Водерница неклепана и жена нетепана не оди.
Од книгата „Робово, село Малешевско“ од Александар Радевски, Скопје 2003. (Подготви Марко Китевски)