Петре Шилегов и Зоран Заев трошат 130.000 евра од парите на граѓаните на Град Скопје за да се рекламираат преку маркетинг агенција, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Шилегов и Заев ќе плаќаат медиуми за промотивни пишувања и реклами. Додека Заев беше во опозиција рекламирањето на државата беше корупција, а сега истиот корумпира медиуми на големо. Заев кога дојде на власт кажа дека никогаш нема да се трошат државни пари за реклами на владата и институциите. Заев излажа. Љупчо Николовски молчи за како што самиот Заев рече корумпирањето на медиуми од оваа власт, се вели во соопштението.
Понатаму во истото се наведува:
-Љупчо Николовски е безгласна буква и извршува функција само заради плата, без суштински да се бори против корупцијата. Љупчо Николовски треба веднаш да му забрани на Шилегов и Заев да го спроведат огласот. Доколку Николовски го премолчи ова само ќе потврди дека вицепремиерското место му е само за земање плата, соопштија од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.