Пословици од Кратовско

Ах кахпе дуња; кради гуња, хврли пушка, бегај назад.
Ум царуе, ум робуе, јунак лојзе копа.
Бунар огин, кочани деца, т.е. најголемиот оган бидува, кога во него нафрлале деца.
Не ми тражи вражарца, тук ми кажи патарца.
Не ми кажи кој много говоре, а кој е испитал.
Трајат, како кога се женско родило.

Отвржи си јуница, доведи си кумица, т.е. крштевката бидува скапа.
Бесна коза, пресна рана.
Од трн, та на глок.
Мачка риба не сака.
Покриено млеко мачка не лока.
Бегај шопе од пијана жена.

Греј се у град, ог’н на рид.
Неженен нагоре трга мустак, женен надоле.
Видиш ли грозје есен, на ергена свет тесен, ќе се жене.
Лото знае што работи. (Јас знам што да правам).
Гувее като млада невеста.

Млада невеста нашла секира по за врата (кога се фали некој, дека нашол нешто.)
Бог да просте, кој нас гопсте, да не просте.
Ќе дојде коло на тркало, т.е. ќе дојде време да ми се помолеш, ќе ударе твоето тркало на кол.
Толко са роднина, што нојниот татко и неговата мајка си пекле грбовете на едно сл’нце, т.е никако не се роднини.
На сливарја сливи не кажуј.

Пепељаш Мара под корито спие.
Мајсторија кози пасе, пет откара, две докара.
С црнките не с’м видела, та с белките ли ќе прогледну.
Мечка се жене, казуват кога вали и грее сл’нце.

Сечко (февруери) сече, марта дере, април кози продава.
Стари човек, вреќа коски.
Бог и ѓавол’т са два брата.
Земјата е месо, камењето – коски, водата – крв, воздухот – дух.

Од записите на Ефрем Каранов: (Подготви Марко Китевски)