Времето во Македонија ќе биде умерено облачно. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 13 до 22 степена.

Во Скопје, слично време, умерено облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Викендов ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Од понеделник кон крајот на денот ќе има нови локални врнежи од дожд.