Бурни реакции предизвикаа апелите на МПЦ-ОА, некои политички партии и еколошки активисти народот да се откаже од традицијата на палење коледарски огнови.
-Коледарски оган е пагански обичај, ама затоа Халоуин е наша традиција, гласи саркастичниот коментар на Твитер.
Реагираа и повеќе истакнати личности во Македонија, меѓу кои и проф. д-р Љубомир Цуцуловски:
– Наместо по вистинските причинители се удира по народните обичаи и традиција, кои со генерации се пренесувале и, помеѓу другото, помагале овој народ да се одржи и да не се преиначи, вели Цуцуловски во врска со апелите за коледарските огнови и други обичаи кои се негуваат со години.