Наместо по вистинските причинители се удира по народните обичаи и традиција, кои со генерации се пренесувале и, помеѓу другото, помагале овој народ да се одржи и да не се преиначи, вели проф. д-р Љубомир Цуцуловски во врска со апелите за коледарските огнови и други обичаи.

Во продолжени енеговата објава на Фејсбук околу тоа:

ТРАДИЦИЈА. Некои лица и институции, непосредно пред Празникот, апелираа да не се палат огнови и да не се пие топла/варена ракија, некажувајќи:

Колку, на пример, автомобилите го загадавуваат воздухот, наспроти запалените празнични огнови.

Ако алкохолот е толку штетен и навистина неприлега на христијаните, тогаш: (А) Зошто Исус на Тајната вечера, непосредно пред да биде уапсен, пие вино? (Б) Зошто во манастирите се пороизведува една од најдобрите ракии, односно вина?

Како по обичај, наместо по вистинските причинители се удира по народните обичаи и традиција, кои со генерации се пренесувале и, помеѓу другото, помагале овој народ да се одржи и да не се преиначи.
Затоа, нека е среќен Празникот на сите кои го прославуваат во духот на нивните татковци и татковците на нивните татковци, оти без нивните обичаи и традиција се губи смислата и на нивното постоење.