Додека народот живееше со 150 денари на ден, Филипче заедно со својот ментор Заев, си правеше екскурзии со хеликоптер низ Македонија, рече на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.

-Филипче и неговиот ментор Заев, одеа на настани со хеликоптер во Прилеп и Битола, трошеа државни пари за екскурзии и правење на ќефови. Ќефовите кои си ги тераа криминалниот тандем Заев и Филипче, беа доказ за тоа дека немаат способност да ја водат државата. Нив ги интересираа само нивните лични интереси, односно тендерчињата и провизии, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај. Хеликоптерот со кој летаа Заев и Филипче, можеше да се употреби и за спас на човечки животи, но наместо за спас на човечки животи, хеликоптерите на државата се користеа за еднодневните екскурзии на Заев и Филипче. Филипче и Заев, покажаа како не треба да се води држава. Покажаа како државата може да пропадне економски, да се иселат младите и секојдневно бевме сведоци на коруптивни скандали, кои беа приредени од тогашната власт на СДС и ДУИ, истакна Лефков.

Филипче, не може да глуми загрижен граѓанин и не може да биде новото лице на СДС, бидејќи е продолжена рака на Заев и Ковачевски, а тие веќе беа поразени. Филипче е следен, додаде Лефков.