Директорот на националната администрација за аеронаутички и вселенски истражувања, Џејмс Брејденстајн, ја поздрави Кина со успешното лансирање на ракетата -носител CZ-5 (Чанчжен-5) со првата кинеска сонда за испиувања на Марс „Тјанвен-1“.

Кина е на пат да стане дел од заедницата на меѓународни науќни истражувачи на Марс, соопшти тој на Твитер.

-САД, Европа, Русија, Индија и наскоро ОАЕ, ви велат добредојде на Марс, за почеток на возбудлива година на научни откритија. Добар пат на Тјанвен-1!, соопшто денеска директорот на НАСА.

Кинеската ракета стартуваше од космодромот Венчан на 23 јули околу 12.40 часот по локално време (8:40 по централно европско). Ракетата треба растојнието од Земјата до Марс (кое варира од 55 милиони до 400 милиони километри), да го помина за седум месеци а сондата да влезе во орбитата на Црвената планета и да орбитира уште околу три месеци за да направи фотографии од нејзината површина и да врши мерења.

Потоа, сондата ќе се спушти на површината на Марс, каде во употреба ќе стапи марсоход за испитувања на површината, состав на почвата, карактеристики на атмосферата и климатските услови, но и ќе трага по вода и признаци на живот.