На првиот ден од предизборната кампања, ДУИ одржа промотивна конвенција на кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Лидерот Али Ахмети го претстави кандидатот за прв Албанец премиер.
Станува збор за Насер Зибери, кој во три мандати бил пратеник, а како кадар ан тогашната ПДП беше министер за труд и социјална политика во последната Влада на Бранко Црвенковски која ги загуби избориѕте во 1998 година.
Една од неговите каракеристики како министер беше дека нема поим колку невработени има во Република Македонија бидејќи тогашниот Завод за вработување кој беше под негова надлежност ги фалсификуваше бројки. Така, на почетoкот на 1998 година, СДСМ на Црвеновски донесе Закон во Собранието со кој се овозможуваше за секој новобработен, државата на фирмите да им ги плаќа придонесите (целта беше легалзација на вработените на црно).
Тоа требаше да донесе намалување на бројот на невработени, што беше битно за пропагандата на Црвенковски, а истовремено и луѓето кои работат на црно да добијат здраветсвено и пензиско осигурување, што би требало да донесе гласови за СДСМ.
По тоа, почна масовно пријавување на нововработените, но во официјалните бројки за невработеност настана забуна, па дури и во март 1998, и покрај 20-те илјади (и повеќе) нововработени, бројот на невработени нмаесто да се намалува, беше поголем од тој во јануари.
Овие епизоди се дел од министерската кариера на Насер Зибери.
Во моментов, Насер работи како нотар.