„Има прилики каде се отфрлаат строфи, но во вака сензитивен период, тој што ги спремал партитурите не смеел да дозволи отфрлање токму на тој дел“, реагира наш врвен музичар по изјавата нљ Димитљр Ковачевски дека аранжмљнот на песната „Во бобра, во бборба“ бил таков, што довело до отфрлање на строфата со знамете на Гоце Делчев и фашистичката крв што се лее. Еве како гласи целата отфрлена строфа:

“Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее,
во гори, полја и на сите страни,
фашистичка крв насекаде се лее.“.

„Сигурен сум дека наменски е отстранета а вината не е кај хористите кои пејат тоа што ќе им биде ставено во папка туку кај тој што ги ангажирал.

Изјавата на Ковачевски е без врска, затоа што аранжман е делот од музичката форма кој што нема ама баш никаква врска со текстот на композицијата.

Друга работа е случајот со воениот оркестар кога ја изведува химната во инструментална верзија а во последно време неосновано го критикуваат дека не е изведена строфата со Делчев,Гули, Сандански. Пракса е воените оркестри да изведуваат по една строфа во инструментална верзија“ вели нашиот соговорник.