Настапи на неколку турнири ги очекуваат македонските тенисери и тенисерки оваа недела.
Најдобро рангираниот македонски тенисер Калин Ивановски денеска ќе настапи на Челинџер 75 турнирот во францускиот град Каси, а противник во првото коло ќе му биде 31-годишниот Италијанец Федерико Гаио, кој е осми носител, рангиран на 215. место на АТП листата. Турнирот се игра за награден фонд од 73.000 евра.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнирот во Виена што се игра за награден фонд од 60.000 долари.
На фјучерсот во српскиот град Пирот, тенисерот Горазд Србљак е во главниот турнир, додека Обрад Марковски како втор носител во квалификациите го очекува мечот од втората рунда со Максим Крапивин. Во квалификациите настапуваше и Шнедрит Деари, но загуби во првата руда од Назар Олиников со 2-1 во сетови.
На фјучерсот во Куршумлијска Бања, Србија се натпреваруваат теисерките. Магдалена Стоилковска е директен учесник на главниот турнир, додека Ива Данева ја очекува мечот од втората рунда од квалификациите против Изабел Черни од Велика Британија. Данева во првата рунда од квалификациите ја победи Паула Мигаела Оница од Романија со 2-0 во сетови.
За македонските тенисерки овие настапи се најава за претстојниот турнир што од 11 до 17. септември ќе се одржи во Скопје.