Наташа КОТЛАР

До Милата на Царовци и сличните на неа!
Се сеќавате на книгата „ФАРЕНХАЈТ 451“, која има и 2 екранизации, едната во 1966 г., а другата во 2018 г. Насловот е алузија на температурата на која хартијата се самозапалува!
Тоа е романот на Реј Бредбери „интиутопија, слика на едно тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите огноотпорни домови, никогаш не разговараат за она што го мислат и чувствуваат и уживаат само во материјалните работи. Тие се обземени од своите интерактивни телевизори-ѕидови кои… не им оставаат време за размислување. Универзитетите се затворени или се претворени во школи за атомско инженерство. Книгите се прогласени за непотребни, строго се забранети и подлежат на горење. Но, една мала бунтовна група на луѓе, сакаат да ги спасат книгите-духовното богатство на човештвото и секој од нив знае наизуст понекоја книга, за да им ја пренесе на идните поколенија…“

Објавата на Котлар доаѓа веројатно доаѓа како последица на зачестените закани на Царовска за кривично гонење за оние кои не ја прифаќаат нејзината намера по секоја цена да ги натера децата да учат од дигитални учебници, наместо од печатени и најавите дека ќе бара да се гони секој кој испечатува и продава книги од тие за кои „принцезата“ наумила да бидат само во дигитална форма.