Во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи „9-тата НАТО студентска симулација: НАТО по Самитот во Мадрид“. Настанот ќе го отвори министерката за одбрана, Славјанка Петровска, а обраќање ќе има и претседателот на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија, Исмет Рамадани.

– НАТО симулацијата претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави и ќе се разгледуваат глобалните прашања непосредно по самитот во Мадрид и моменталните предизвици за Алијансата, информираат од Министерството за одбрана.

Оттаму велат дека настанот е од високо едукативен карактер затоа што им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овој пат со посебен осврт на глобалната безбедносна слика и местото на партнер земјите од Југоисточна Европа.