Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска од денеска до вторник ќе престојува во посета на Јужна Кореја.

Како што соопшти Прес-службата на НАТО, денеска на првиот ден од престојот, Шекеринска ќе ја посети демилитаризираната зона меѓу Јужна и Северна Кореја, по што во Сеул ќе има средба со извршни директори на компании од одбранбената индустрија.

За утре се предвидени средби на Шекеринска со јужнокорејските министри за надворешни работи Чо Хјун, за национална одбрана Ан Гју-бек и за програмата за одбранбени набавки Џонг Гун-сеок, како и со советникот за национална безбедност на претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјунг, Ви Сунг-лак.

Покрај средбите, Шекеринска ќе го посети и Меѓународниот саем за воздухопловна одбранбена индустрија во Сеул.

Фото: Архива