Финалната вечер на 63. Евровизија во Лисабон ја одбележа инцидент во текот на настапот на британската пејачка, кога на подиумот влета маж и и го зеде микрофонот на пејачката, по што веднаш интервенираше обезбедувањето.
Пејачката одби да го повтори настапот, а младичот кој и го зеде микрофонот беше притворен од полицијата.
Како што објави „Индекс.хр“, на неговата маичка можело да се забележи натпис и адреса на сајтот, со кои бил идентификуван.
Како што наведува порталот, станува збор за самопрогласен активист за слобода на медиумите и автор на неколку е-книги, а на Инстаграм се претставува како Др. А.Ц.
Тој на Инстаргам напишал дека е „Албанец кој глуми дека е Британец“.
– Нацисти во британските медиуми, бараме слобода, војната не е мир- извикувал младичот кога се искачил на сцената.
Тој и порано влетувал во шоу-програми, како што е британскиот „Војс“ (The Voice) и со тоа се фалел на Инстаграм.