Македонката Наде Дуклеска, која живее во Шведска, напиша труд за судскиот процес „27 април“, со кој магистрира во тамошниот престижен Лундски Универзитет.

Како што објави порталот Инфомакс, според научниот труд судскиот процес за „27 април“ е спротивен на конвенцијата за човекови права. Ова не е првпат судскиот процес за „27 Април“ во странство да биде оценет негативно, претходно имаше и одлуки на судови во странство кои процесот го квалификуваа како политички процес.

– И домашни експерти повеќе пати укажуваа на неоснованост на квалификацијата на делото како тероризам. За споредба за упадот во Капитол Хил во САД пресудите се многу помали, а иако таму имаше и жртви сепак делото не се квалификува како тероризам, додека за упадот во македонското Собрание во судскиот случај „27 Април“ беа осудени Македонци на 2 века затвор во 21 век, се вели во описот на трудот.

Со успешно одбранетиот магистерски труд Дуклевска ги заокружува мастер студиите за човекови права на престижниот Лундски Универзитет во Шведска.