Во Виена во петокот протестираа неколку илјади Австријци против „Балот на академиците“ организиран од Австриската партија на слободата, што се смета за бал на десничари националисти.
Колкав бил точниот број се земаше условно – медиумите јавуваа меѓу 1.500 според полицијата и 4.500 според податоци на организаторите.
Учесниците во тие протести за првпат беа преброени со нова метода од научници на Виенскиот технички универзитет.
Тие создадоа нова метода што гарантира голема точност за податоците. Според нив, во виенските протести во петокот имало 1.700 – 1.800 луѓе.
За таа цел тие користеле податоци од камери што ги снимале демонстрантите од воздух и од неколку песрпективи. Со посебна компјутерска програма се вадат стоп-кадри и со тој метод може да се поништат лажни вести и да се постигне точно пребројување на учесници во демонстрации и митинзи.