Облеката на две мумии на девојчиња Инки кои биле пронајдени во пештера на планината Серо Есмералда во Чиле, биле заситени со смртоносен отров. Истражувачите подолго време ги проучувале остатоците, а последно што анализирале била погребнита облека,. Резултатите биле објавени во списанието Archaeometry.
Во облеката на девојчињата била пронајдена црвена боја на база на жива која за тоа време била исклучително ретка. Научниците сметаат дека отровот влијаие на нервниот и мускулниот систем и на стомачно-црвениот тракт. При екстремни дози може да дојде и до смрт.
Инките знаеле мошне добро дека бојата од цинобар е многу токсична и опасна за човечкото здраве при постојан контакт со неа. Тие често ставале во гробниците таква боја за да ги исплашат разбојниците.
Според научниците цинобарот бил користен и за плашење на злите духови.
Богато облечени мумии на деветгодишно и 18 годишно девојче се откриени во 1976 година, погребани во пештера. Гробовите датираат од периодот меѓу 1399 и 1475 година. Во нив имало и 104 артефакти кои требало да ги придружуваат девојчињата во задгробниот живот.