Супербактериите годишно предизвикуваат смрт кај околу 700 илјади луѓе, покажуваат релевантни податоци за тоа, а иднината досега беше мрачна и само се додаваа нули на тие бројки.
Но, работите одат на подобро. Истражувачи од Институтот за биоинженеринг и нанотехнологија (ИБН) во Сингапур, во соработка со американскиот ИБМ, синтетизираа молекула која ја уништува тн. супербактерија со ограничени негативни придружни последици.
Како штопишува научното списание Нејчр комуникејшнс, молекулата би можела да се користи како дел од новите лекови, кои по извршениот ефект се разградуваат во нетоксични нуцпроизводи.
Доплнителна предност на новиот пристап е во тоа што не може да доведе до нов развој на резистентност кај бактеријата, додаваат научниците.