Запушените артерии можете да ги исчистите без употреба на лекови, операции и големи количества витамински додатоци. Ништо не ви е потребно, освен природна храна и лековити билки. Вашиот систем може да се обнови за 30 дена, само што му е потребна посветеност. Еве како да се дојде до таа обнова, според Ричард Шулц, автор на книгата „Лечење на неизлечиви болести“, човекот кој наместо лекови применува неконвенционални методи:

Дали некогаш се случило црвената пиперка да не успее да го спречи срцевиот напад?

Да, се случи кај еден човек. Разговарав со неговото семејство и тие ми кажаа дека му дале три чаши веднаш на почетокот од нападот, но и покрај тоа починал. Но, тој имал страшно високо ниво на холестерол, висок притисок и многу запушени артерии. Едноставно, некои луѓе се во премногу лоша состојба. На тој човек црвената пиперка му требала неколку години порано. Лековитите билки можат да направат чудо, но не треба само на тоа да се надеваме. Кога повеќе би се грижеле за своето здравје, би имале поголеми шанси да се опоравиме од поголеми повреди и тешки болести. А, ако од чудесните билки треба да идзвојам една – тоа секако е љутата црвена пиперка.

Што е со проблемите со циркулацијата на крвта?

Знаете, во една прилика, една жена едноставно в трча во мојата канцеларија. Жената беше дебела и умираше бавно од конгестивен срцев застој. Нозете околу глуждовите и беа многу отечени. Како бутовите на други луѓе. И правеле акупунктура, но кога ги извадиле иглите почнала да тече течност на сите страни. Се обидувале да го сопрат течењето, но не успеале. Дошла веднаш кај мене. Секаде по телото имаше фластери, додека двајца ги држеа прстите на деловите каде била прободена со иглите. Кога еден од нив ќе ги тргнеше прстите, веднаш почнуваше да тече на сите страни во мојата канцеларија.

Проблемот кај конгестивниот застој на срцето е во тоа што срцето пумпа крв со толку мала сила, што крвта не може да мине низ бубрезите доволно бргу за тие да можат да ја исчистат од отпадните материи. Така, жената се давеше во сопствената течност, одвнатре.

Тоа беше класичен случај за црвена пиперка. Не само што ставав од тинктурата таму каде што течеше, за да го спречам тоа, туку и и давав од тинктурата на секој час по една лажичка. Покрај тоа и давав и по една лажичка еднакви делови на ѓумбир и цветови од црвена детелина помеѓу две земања тинктура, а и дадов и вкупно шест делови од лук. Тоа беа дози за една мошне крупна, но и мошне болна жена.

Сега, секој кој има проблеми со срцето и циркулацијата, може да помине на билна исхрана и на умерена физичка активност. Оваа жена мораше да биде на пост со сокови. Ми викаше: „Сета сум полна со вода, а вие уште ми дават да пијам?“ Но, само тоа беше спасот.

Што се случи на крајта?

Оздраве. Беше потребна цела година да се врати во нормална состојба, зашто беше премногу болна, но ризикот од смртта го снема во првите неколку дена.

А што е со шлогот?

Имаше 20-30 луѓе кои доживеаја удар насреде мојата чекалница. Во една прилика еден постар човек го прегледував. И додека го правев тоа со помош на лупа, одеднаш видов како крвните садови му се зголемуваат и пукаат пред моите очи. Потоа едноставно падна. Тогаш му ја наполнив устата со тинктура од црвена пиперка, а тој стана и си отиде дома. Сум видел многу такви луѓе.

Која доза им ја дававте?

Полна лажица пиперка во чаша топла вода или 350 капки тинктура. Тоа важи и за случаи на срцев удар.

(Крај)