Научници од Светската здравствена организација велат дека се уште немаат доволно информации за заклучок дали луѓето се имуни на последователна инфекција со Ковид-19 по закрепнувањето од таа болест.
Шефот на одделот за вонредни ситуации во СЗО Мајкл Рајан, на денешниот брифинг изјави дека се претпоставува дека луѓето кои биле заразени со новиот коронавирус и кои имаат докажано ниво на антитела треба да имаат одреден степен на заштита.
– Сепак, ние едноставно не знаеме колку трае тој временски период, изјави тој.
Рајан рече дека научниците можат да проценат врз основа на имунитет од други корона вируси, но тие податоци се исто така доста ограничени.
Епидемиологот, која работи за СЗО, д-р Марија Ван Керхов, рече дека информациите што ги има СЗО за одговор на антитела и имунитет се „измешани“ и дека им требаат многу повеќе информации за закрепнаните пациенти.
Таа рече дека се водат бројни студии за да се одговори на прашањето за имунитетот.
– Сега немаме целосна слика за тоа како изгледа имунитетот, и додека тоа не го направиме, не можеме да дадеме целосен одговор, рече таа.