Американските научници открија генетскиа варијации делумно одговорни за еректилна дисфункција, што на крајот може да резултира со подобрен третман, објавено е во спиание на Американската академија на науките.
Научниците детектирале посебно место во човековата ДНК каде што се јавува една генетска варијација што се поврзува со еректилната дисфункција.
-Кај мажи кои имаат една копија од таа варијација, 26 проценти е зголемен ризикот од развој на еректилна дисфункција во споредба со остатокот од машката популација, а кај мажи со две копии ризикот е 59 отсто повисок, вели авторот на студијата Ерик Јоргенсон.
Резултатите се базираат на податоци собрани од 36.649 пациенти во Калифорнија. За една третина од ризикот од еректилна дисфункција се одговорни генетски фактори, од кои два проценти се однесуваат на варијанта на ген, откриена од Јоргенсон и неговите колеги.
Според податоците за 2007 година кои се однесуваат на САД, од еректилна дисфункција страда секој петти маж, но бројот се зголемува со возраста.